Фон дер Лајен: ЕУ, САД и НАТО го зацврстија заедничкиот став за Украина

13.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Фон дер Лајен: ЕУ, САД и НАТО го зацврстија заедничкиот став за Украина

„Имавме многу добар разговор“, напиша фон дер Лајен на платформата X по виртуелната средба со американскиот претседател Доналд Трамп, европските лидери и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

На таа средба, евроатлантските лидери формираа заедничка позиција пред средбата на Трамп со рускиот претседател Владимир Путин во петок во Алјаска, рече таа.

„Денес, Европа, САД и НАТО ја зајакнаа својата заедничка позиција во врска со Украина“, рече претседателката на ЕК, додавајќи дека „тие ќе останат тесно координирани“. „Никој не сака мир повеќе од нас, праведен и траен мир“.

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, по „одличната“ средба изјави дека Европејците и Трамп се „обединети“ во напорите за ставање крај на војната во Украина.

„Топката сега е на теренот на Путин“, рече Холанѓанецот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата