Ел Сиси: Во соработка со Палестинците формиравме независен комитет за управување со Газа

4.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ел Сиси: Во соработка со Палестинците формиравме независен комитет за управување со Газа

Тој рече дека Египет ќе биде домаќин на конференција за обнова на Газа следниот месец и изрази уверување дека американскиот претседател Доналд Трамп ќе придонесе за мир кога станува збор за палестинското прашање.

Претходно денеска, арапските лидери кои учествуваа на самитот во Каиро го поддржаа планот на Египет за иднината на Појасот Газа и ја повикаа меѓународната заедница и финансиските институции брзо да го поддржат.

Египет на самитот го претстави својот план за Газа согласно кој Хамас ќе се маргинализира и ќе се создадат привремени органи на власта под управа на арапски, муслимански и западни држави.

Египетскиот план предвидува формирање мисија за помош во управувањето, која би ја заменила власта на Хамас во Газа на неопределен период, со задача да обезбеди хуманитарна помош и да почне реконструкција, се наведува во нацртот во кој имале увид некои светски агенции.

Според планот, вкупните трошоци за реконструкција би биле 53 милијарди долари, а за обнова на палестинската енклава би биле потребни околу пет години./МИА

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата