Бајру: Европските земји треба да ги здружат силите за да ја надоместат американската помош

4.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Бајру: Европските земји треба да ги здружат силите за да ја надоместат американската помош

„Предизвикот со кој се соочува Франција е многу едноставен. Ова е комбинација од сите можни средства за колку што е тоа можно, да се замени меѓународната помош“, нагласи Бајру, говорејќи во Националното собрание, пренесува „Фигаро“.

Тој изјави дека тоа се напори што мора да ги направат „барем оние Европејци кои се решени да и помогнат на Украина“.

Американскиот претседател Доналд Трамп привремено ја суспендира воената помош за Украина по неговиот судир со украинскиот претседател Володимир Зеленски, јавија американски медиуми, цитирајќи претставник на Белата куќа. /МИА

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата