Еквадор во состојба на готовност поради заговор за напад на претседателот

19. 04. 2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Еквадор во состојба на готовност поради заговор за напад на претседателот

На социјалните мрежи неделава кружат протечени извештаи на военото разузнавање во кои се тврди дека атентатори кои влегуваат во Еквадор од Мексико и други земји планираат да извршат „терористички напади“ против шефот на државата.

- Силно го осудуваме и отфрламе секој обид за убиство на претседателот на Републиката, државните власти или државните службеници, се вели во денешното соопштение на Владата на Еквадор.

Еквадор е „во состојба на готовност“, се додава во соопштението, обвинувајќи ги „криминалните организации поврзани со политичките субјекти кои ги загубија изборите“ за наводниот обид за атентат.

Нобоа победи на претседателските избори на вториот круг од изборите во неделата, но неговата левичарска ривалка Луиза Гонзалес го обвини дека извршил „гротескна изборна измама“. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата