- САД не се имуни или на кој било начин нечувствителни на страдањето на луѓето во Газа, каде не е доставена хуманитарна помош од 2 март, наведе Рубио.
Тој го повтори ставот на администрацијата на САД дека милитантите од Хамас се виновни за ситуацијата во палестинската енклава.
- Мислиме дека со елиминација на Хамас ќе се постигне мир. Вознемирени сме поради хуманитарната ситуација, посочи Рубио.
Рубио се осврна и на Хуманитарната фондација за Газа, која е поддржана од САД и Израел и треба да почне да работи до крајот на месецот.
Фондацијата би овозможила луѓето да добијат хуманитарна помош, а Хамас да не ја украде. Ќе продолжиме конструктивно и продуктивно да работиме на, посочи Рубио.
Обединети нации вчера соопштија дека нема да учествуваат во хуманитарната операција во Појасот Газа, поддржана од САД, бидејќи не е непристрасна, неутрална или независна. Додека Израел вети дека ќе ја олесни дистрибуцијата без да учествува во испораката на помош. /МИА