Експлозија и пожар во фабрика за експлозиви, има загинати- настрадаа и околните куќи

13.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Експлозија и пожар во фабрика за експлозиви, има загинати- настрадаа и околните куќи

Според соопштението на „Енаекс“, издадено доцна синоќа по локално време, меѓу загинатите се шест мажи и три жени.

Несреќата се случила во вторник околу 5:50 часот по локално време, во објект од 25 квадратни метри каде што се подготвувале експлозиви за транспорт, изјави полковник Хилер, командант на противпожарната бригада на бразилската држава Парана, како што објави денес бразилскиот портал G1.

Според соопштението, објектот бил целосно уништен во експлозијата, а околните куќи и деловни простории претрпеле значителна штета.

Според информациите од локалните власти, три лица кои биле надвор од центарот на експлозијата се здобиле со полесни повреди.

Капетанот на противпожарната служба на Луизијана изјави дека во фабриката избувнал и пожар, кој е локализиран.

Поради ризикот од понатамошни детонации, потрагата по телата на загинатите започна дури откако експертите утврдија дека повеќе нема опасност за спасувачите.

Даниел Оливеира, индустриски директор на „Енаекс Бразил“, рече дека фабриката организирала тим психолози за да им пружи поддршка на семејствата на жртвите и дека сите повредени се однесени во болници и се во стабилна состојба.

„Сите сме потресени. Ова е голема трагедија за нашата компанија, за заедницата и за сите вработени“, рече Оливеира.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата