Египетскиот Сиси му порача на Трамп дека светот „смета на него“ за мир на Блискиот Исток

1.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Египетскиот Сиси му порача на Трамп дека светот „смета на него“ за мир на Блискиот Исток

Египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси  му рекол на американскиот претседател Доналд Трамп дека светот се потпира на неговата „способност да се постигне постојан и историски мировен договор“ за да се стави крај на конфликтот меѓу Израелците и Палестинците.

Во соопштението од кабинетот на Сиси се вели дека лидерите упатиле меѓусебни покани за државни посети за време на телефонскиот разговор и ја истакнале важноста од континуирана „координација и соработка“.

Сиси истакнал дека „меѓународната заедница смета на способноста на претседателот Трамп да постигне постојан и историски мировен договор со кој завршува конфликтот што постои во регионот со децении“. /МИА

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата