Еден загинат и четворица повредени во експлозија во Центар за регрутација во Украина

5.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Еден загинат и четворица повредени во експлозија во Центар за регрутација во Украина

Во саботата едно лице загина, а шестмина беа ранети во експлозија во канцеларијата за регрутирање во северозападниот град Ривина, а во неделата едно лице беше рането во центарот во Павлоград, во централниот дел на земјата.

Полицијата денеска соопшти дека уапсила тројца осомничени за експлозијата во Павлоград.

Многу Украинци сметаат дека системот за регрутирање е неправеден и е центар на корупција. Видеата на социјалните мрежи во последниве месеци покажуваат дека луѓето се насилно регрутирани на улица, во спортски сали и на други места, а понекогаш и тепани.

Украинската армија, на која и недостигаат војници и опрема, тешко врбува нови војници бидејќи населението е исцрпено по три години борби./МИА

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата