Две германски тинејџерки завршиле во затвор, а сакале како туристи да се прошетаат низ САД

21.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Две германски тинејџерки завршиле во затвор, а сакале како туристи да се прошетаат низ САД

Шарлот Пол (19) и Мери Лепере (18) пристигнале во Хонолулу, Хаваи на 18 март, со план да патуваат по островите пет недели, а потоа да продолжат во Калифорнија и Костарика по завршувањето на средното училиште, пишува германскиот портал Ostsee Zeitung.

Но, девојчињата направиле грешка што не резервирале сместување за целиот свој престој на Хаваи, што било доволно за да го вклучи алармот за американската гранична патрола и покрај тоа што двете биле овластени да патуваат преку електронскиот систем ESTA, пишува „Њујорк пост“.

„Беа сомнителни што не резервираа сместување сите пет недели“

„Тие биле сомнителни што не резервирале сместување сите пет недели на Хаваи“, изјави Пол за Ostsee Zeitung. Она што требало да биде забавно и долго патување брзо се претвори во кошмар. Тинејџерките изјавија за Ostsee Zeitung дека со часови биле испрашувани на аеродромот во Хонолулу, по што им биле скенирани целото тело и биле извршени претреси до гола кожа.

Потоа им биле дадени зелени затворски униформи и сместени во притворска ќелија со долгогодишни затвореници, вклучувајќи, според нивните тврдења, лица обвинети за тешки кривични дела.

Младите патнички рекле дека спиеле на тенки, мувлосани душеци и биле предупредени од обезбедувањето да не јадат храна со поминат рок. Следното утро, им било кажано дека ќе бидат депортирани и вратени на аеродромот во Хонолулу, каде што побарале наместо тоа да бидат испратени во Јапонија.

ESTA не гарантира автоматски влез во земјата

Германското МНР потврди за Ostsee Zeitung дека е вмешано во случајот на Шарлот Пол и Мари Лепер и им пружиле конзуларна помош по нивното трауматично искуство.

Министерството, исто така, нагласи дека она што се случило со овие девојки треба да послужи како потсетник за патниците дека ESTA, која им дозволува на граѓаните на одредени земји да влезат во САД без виза за краток престој, не гарантира автоматски влез во земјата.

Одлуката за одобрување влез во САД секогаш ја донесуваат агентите за царина и гранична заштита на САД по сопствена дискреција. Во последните неколку месеци е забележан значителен пад на бројот на европски туристи кои патуваат во САД, и покрај напорите на американскиот државен секретар Марко Рубио да ги смири загрижените странски посетители.

Ова не е прв ваков случај

„Би рекол дека ако не доаѓате во САД за да учествувате на протест за поддршка на Хамас или да ни кажете дека Хамас е во право или да предизвикате конфликти во кампусите, да поттикнете немири на улиците и да ги уништите нашите универзитети, тогаш немате за што да се грижите“, рече Марко Рубио претходно овој месец.

Германските патнички не се единствените странци кои се приведени и депортирани додека се обидуваа да влезат во Соединетите држави во последните месеци. Во март, поранешната канадска актерка Јасмин Муни рече дека била приведена од страна на американската служба за имиграција и царина (ICE) на јужната граница додека се обидувала да добие работна виза, откако претходната ѝ била укината во ноември.

Муни (35) тврди дека била фатена на 3 март на граничниот премин Сан Исидро меѓу Мексико и Сан Диего и дека била држена во нехумани услови 12 дена пред да биде ослободена.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата