Двајца убиени во вооружен напад во Сион, Швајцарија, вооружен маж во бегство

11.12.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Двајца убиени во вооружен напад во Сион, Швајцарија, вооружен маж во бегство

Кантоналната полиција на југозападот на Швајцарија соопшти дека според првите сознанија, сторителот ги познавал своите жртви.

Според полицијата, нешто пред 8 часот, лице кое се уште не е идентификувано пукало во неколку лица во Сион. Како што се додава, засега не се познати неговите мотиви.

Полицијата соопшти дека ангажирала голем број лица за приведување на сторителот на нападот, а кантоналното обвинителство отвори истрага. /МИА

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата