Дубаи под вода: Вакви поплави не се паметат последните 76 години (ВИДЕО)

19.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Дубаи под вода: Вакви поплави не се паметат последните 76 години (ВИДЕО)

Улиците се претворија во реки на бројни локации, а поплавите го парализираа сообраќајот и доведоа до доцнење на летовите на аеродромите во Дубаи и Абу Даби.

Поради нестабилните временски услови, полицијата ги повика граѓаните да останат во своите домови барем до петок попладне, додека на приватниот сектор му беше препорачано да работи од дома.

Националниот центар за метеорологија на Обединетите Арапски Емирати претходно предупреди за обилни дождови низ целата земја, со локализирани врнежи од дожд што особено ги погодија областите со неразвиени системи за одводнување.

Според официјалните податоци, ова се најинтензивните дождови во ОАЕ во последните 76 години.

Метеоролозите предупредуваат дека ваквите екстремни дождови повеќе не се исклучок, туку дел од трендот на сè почести временски екстреми, како оние регистрирани минатата година, кои дополнително ги поттикнуваат климатските промени.

Властите ги повикаа граѓаните да бидат внимателни додека не се смири ситуацијата.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата