Повеќе од 1.000 пациенти починаа во Газа додека чекаа медицинска евакуација

19.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Повеќе од 1.000 пациенти починаа во Газа додека чекаа медицинска евакуација

„Од јули 2024 година до 28 ноември 2025 година, 1.092 пациенти починаа додека чекаа медицинска евакуација“, изјави генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, на социјалната мрежа „X“.

Тој додаде дека бројката дадена од Министерството за здравство на Газа најверојатно е помала од реалниот број на пациенти кои починале, објави „Ле Фигаро“.

Директорот на СЗО, исто така, рече дека организацијата и нејзините партнери евакуирале повеќе од 10.600 критично болни пациенти од Газа од октомври 2023 година.

Тој рече дека повеќе од 5.600 од нив се деца на кои им е потребна интензивна нега.

Според податоците на СЗО, медицинските евакуации се уште се итно потребни за повеќе од 16.500 жители на Газа.

Гебрејесус, исто така, повика повеќе земји да прифатат пациенти од Газа и во исто време повика на продолжување на медицинските евакуации на Западниот Брег, вклучувајќи го и Источен Ерусалим.

Крвкото примирје во Газа стапи на сила на 10 октомври со посредство на САД, но медицинските евакуации сè уште не се одвиваат доволно брзо, објави весникот. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата