Деветмина загинати и седуммина повредени во експлозија во фабрика за експлозиви во Бразил

13.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Деветмина загинати и седуммина повредени во експлозија во фабрика за експлозиви во Бразил

Според соопштението на Енаекс, објавено доцна синоќа по локално време, меѓу загинатите се шест мажи и три жени.

Несреќата се случила вчера околу 5:50 часот по локално време, во објект од 25 квадратни метри каде што се подготвувале експлозиви за транспорт, изјави командантот на Противпожарната бригада на бразилската држава Парана, полковник Хилер, а денеска јавија бразилските медиуми.

Како што е објавено, објектот бил целосно уништен во експлозијата, а околните куќи и деловни простории претрпеле значителна штета.

Според информациите од локалните власти, три лица кои биле надвор од центарот на експлозијата се здобиле со полесни повреди.

Капетанот на Противпожарната служба на Луизијана изјави дека во објектот избувнал и пожар, кој е локализиран.

Поради ризикот од понатамошни детонации, потрагата по телата на загинатите започна дури откако експертите утврдија дека повеќе нема опасност за спасувачите.

Даниел Оливеира, индустриски директор на „Енаекс Бразил“, рече дека фабриката организирала тим психолози за да им пружи поддршка на семејствата на жртвите и дека сите повредени се однесени во болници и се во стабилна состојба.

-Сите сме потресени. Ова е голема трагедија за нашата компанија, за заедницата и за сите вработени, рече Оливеира. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата