Според него, првиот ловец ќе биде готов во 2029 година, а другите до 2035 година.
Премиерот ја оцени владината одлука како „ефективна“ и посочи дека таа е „систем со подолга перспектива од сите други типови авиони“.
Министерката за одбрана Јана Чернохова рече дека државата ќе плати 150 милијарди круни (околу 6,47 милијарди долари) до 2034 година. Околу една третина од сумата е наменета за технички надградби, гориво, персонал, обука и такси.
Во јуни, Стејт департментот на САД одобри продажба на борбени авиони Еф-35 на Чешка, заедно со поврзаното вооружување и опрема. Во моментов, централноевропската земја располага со ловци Грипен, кои се изнајмени од шведската компанија СААБ. /МИА