Бројот на жртвите од тајфунот „Јаги“ се зголеми на 127- хаос во Виетнам (ВИДЕО)

10.09.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Бројот на жртвите од тајфунот „Јаги“ се зголеми на 127- хаос во Виетнам (ВИДЕО)

Тајфунот Јаги, лизгање на земјиштето и поплавите предизвикани од оваа моќна природна катастрофа однесоа најмалку 127 животи, додека 764 лица се повредени, а 54 лица се водат за исчезнати во северен Виетнам, соопшти денеска Службата за итни случаи на земјата.

Најголем дел од луѓето загинале во лизгање на земјиштето и поплави, се наведува во соопштението, пренесува Ројтерс.

Јаги е најсилната тропска бура во Азија оваа година со забележани максимални ветрови од 245 километри на час.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата