Британија потпиша договор за предавање на суверенитетот над спорните острови Чагос на Маврициус

22.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Британија потпиша договор за предавање на суверенитетот над спорните острови Чагос на Маврициус

Архипелагот е значаен  поради стратешки важна воена поморска и воздухопловна база на најголемиот од островите, Диего Гарсија.

Стармер рече дека договорот ја обезбедува иднината на базата, која е „во самата основа на безбедноста на нашата татковина“.

Потпишувањето беше одложено неколку часа откако британски судија го блокираше договорот во последен момент. Сепак, подоцна денеска таа забрана беше укината од друг суд.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата