Боингот на Трамп се судрил со друг авион- инцидент на писта во Флорида

15.05.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Боингот на Трамп се судрил со друг авион- инцидент на писта во Флорида

Крилото на приватниот авион Боинг 757 (N757AF) во сопственост на поранешниот американски претседател Доналд Трамп удрил во паркиран авион на аеродромот во Флорида откако безбедно слетал и се оддалечил на неговата паркинг позиција рано наутро во неделата, соопшти американската Федерална управа за авијација ( FAA - Федерална Администрација за воздухопловство).

Не е познато дали Трамп, кој во саботата одржа предизборен митинг во Вилдвуд, Њу Џерси, бил во својот Боинг 757 кога се случил инцидентот. Во судирот нема повредени, јавува CNBC.

Боингот 757 е произведен во 1991 година како патнички авион и доставен до Стерлинг Ервејс. Леташе и како деловен авион на Пол Ален, а бидејќи е во сопственост на Трамп се нарекува Трамп Форс 1, по аналогија со претседателскиот Air Force One.

Авионот има два мотори на Rolls-Royce RB211 и е конфигуриран да прими 43 патници. Има трпезарија, бања, туш кабина, спална соба, гостинска соба и кујна, како и детали позлатени со 24-каратно злато.

Во редовен сообраќај, Боинг 757 може да превезе до 240 „обични“ патници.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата