Бил Гејтс се сретнал со Трамп за да побара да продолжи со работа УСАИД

6.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Бил Гејтс се сретнал со Трамп за да побара да продолжи со работа УСАИД

Гејтс рече дека се сретнал со Трамп вчера во Белата куќа за да се заложи за продолжување на исплатите на странска помош со кои управува УСАИД, објави NBC News.

Гејтс, кој беше коосновач на непрофитната фондација Гејтс во 2000 година, истакна дека бил на терен со УСАИД, велејќи дека работата на агенцијата обезбедила неверојатни придобивки.

УСАИД е основана во 1961 година и е една од најголемите официјални агенции за помош во светот и има мисии во повеќе од 100 земји, пред сѐ во Африка, Азија, Латинска Америка, Блискиот Исток и Источна Европа.

Трамп на почетокот на февруари потврди дека ќе го укине УСАИД, откако неговата администрација објави дека размислува за спојување на УСАИД со Стејт департментот со цел да го намали бројот на вработени во агенцијата и да ги усогласи нејзините трошоци со политиката на Трамп „Америка на прво место“.

Трамп рече дека УСАИД е управуван од „куп радикални лудаци“ и е лошо управуван.

Тој додаде дека ќе ги „исфрли лудаците“ од агенцијата пред да се донесе одлука за нејзината иднина.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата