Белорусија очекува на нејзина територија да бидат распоредени ракетите „Орешник“

27.01.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Белорусија очекува на нејзина територија да бидат распоредени ракетите „Орешник“

- Ќе го добиеме Орешник во следните неколку дена, рече Лукашенко на прес-конференцијата.

Тој рече дека е постигнат договор со рускиот претседател Владимир Путин за испорака на хиперсоничната ракета во Белорусија пред таа да биде распоредена во Русија.

Лукашенко рече дека Белорусија сака со ракети на нејзина почва да се заштити од новите американски ракети со среден дострел распоредени во Европа.

Москва се уште не ги потврди наводите на Лукашенко.

Русија лани во ноември истрела ракета „Орешник“ врз украинскиот индустриски град Днепроптеровск. Еден месец подоцна, Путин тврдеше дека западните одбранбени системи не можат да го пресретнат „Орешник“, што на руски значи леска. Тој, исто така, рече дека со неа може да погоди цели во Западна Европа.

Западните воени аналитичари велат дека „Орешник“ може да носи нуклеарни боеви глави./МИА

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата