Белата куќа: Путин и Зеленски се подготвени да седнат на заедничка маса (ВИДЕО)

19.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Белата куќа: Путин и Зеленски се подготвени да седнат на заедничка маса (ВИДЕО)

Во воведот, таа го пофали Трамп и неговите напори за ставање крај на војната во Украина, а потоа нападна одредени медиуми кои го критикуваа него и неговата администрација за средбата со рускиот претседател.

„Нема да има американски сили на украинска почва“

Таа истакна дека Трамп јасно кажува дека американските сили нема да бидат распоредени во Украина.

„Претседателот недвосмислено изјави дека американските сили нема да бидат на терен во Украина, но ние сигурно можеме да помогнеме во координацијата и можеби да обезбедиме други форми на безбедносни гаранции за нашите европски сојузници“, рече Ливит.

Таа додаде дека Трамп верува дека безбедносните гаранции се клучни за траен мир и го задолжил својот тим за национална безбедност да се координира со европските партнери, но и да ги продолжи разговорите со Украина и Русија за овие прашања.

„Путин и Зеленски се подготвени да седнат еден со друг“

Кога новинарите ја прашаа што се случи со трилатералниот состанок, портпаролката на Белата куќа рече дека претседателот Доналд Трамп веќе  разговарал за идејата со Володимир Зеленски и Владимир Путин.

„Претседателот разговарал со двајцата лидери за ова и двајцата изразиле подготвеност да седнат еден со друг“, рече портпаролката.

Со тоа, таа потврди дека подготовките за состаноците се уште се во тек, но без дополнителни детали за датумот или форматот на можните разговори.

Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, избегна да одговори на прашањето како точно Владимир Путин ја сигнализирал својата подготвеност да се сретне со Володимир Зеленски и во кој временски рок би можел да се одржи таков состанок.

Таа, исто така, одби да ги потврди извештаите дека Путин за време на разговорот со Доналд Трамп предложил средбата да се одржи во Москва.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата