Бебе почина во прегратка на таткото, додека барал помош- ужасни сведоштва од хотелот во Турција

22.01.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Бебе почина во прегратка на таткото, додека барал помош- ужасни сведоштва од хотелот во Турција

Пожарот избувна вчера во хотел со 11 ката и 161 соба во одморалиштето Карталкаја во северна Турција. Десетици загинаа при обидот да избегаат, а во хаосот се повредени 51 лице.

Барис Салгур, чистач во хотел во близина на Гранд Картал, бил меѓу оние кои поставија душеци на кои скокнаа преживеаните. Тој рече дека луѓето заробени во зградата извикувале „ве молиме помогнете, гориме“.

19-годишникот рече дека сведоците се обиделе да ги смират гостите на хотелот, „но тие не можеле да влезат во хотелот и да направат ништо“. Тој исто така опишал дека видел маж на горните катови како држи бебе и барал душек на кој ќе го фрли своето бебе.

„Му рековме да биде малку посмирен. Тој чекаше, потоа дојде пожарникарската служба и ги извади, но за жал бебето почина од вдишување чад“, рече тој.

Есра Каракиса, вработена во блискиот хотел, опиша ужасни сцени кога луѓето носеле скали и душеци на местото на настанот за жртвите да можат да избегаат низ прозорците додека пламените јазици се шират.

"Беше страшно. Бевме преплашени. Луѓето врескаа. Бевме особено погодени од плачот на децата. Сакавме да помогнеме, но не можевме ништо да направиме. Не можев да гледам, беше толку страшно", рекла таа, според Дејли Мејл.

Властите задолжија шест обвинители да ги истражат причините за пожарот, кој избувна во ресторанот и брзо се прошири на горните катови. Најмалку девет лица се приведени на сослушување, вклучувајќи го и сопственикот на хотелот. Медицинските работници исто така работат на идентификација на телата на жртвите пронајдени на местото на настанот.

Според турскиот министер за внатрешни работи, досега се идентификувани само 45 од 76 тела. Министерството за здравство соопшти дека еден од повредените е во тешка состојба, а 29 се лекувани и пуштени дома.

Нејасна е состојбата на оние кои го направиле опасниот скок од хотелските соби.

Сведокот Есра Каракиша рече дека донела облека и вода за преживеаните, додека други брзале да донесат душеци за луѓето да скокаат или потпреле скали до ѕидот за да им помогнат да избегаат.

„Беше многу високо, не можевме да го продолжиме јажето. Дадовме сѐ од себе“, изјави сведокот Барис Салгур.

"Луѓето скокаа од голема височина, не можев да гледам. На последниот кат имаше две жени. Пламените јазици буквално влегоа во собата. Тие не можеа да издржат и скокнаа", додал тој.

Многу потресен вработен во хотелот, кој не го кажал своето име, рече дека видел гости на нивните прозорци како викаат за помош.

„Видов татко со бебе во рацете како бара перници за да го фрли синот. За среќа, ја чекаше брзата помош која ги спаси“, изјави тој за IHA.

„Но, на последниот кат, две жени се фрлија низ прозорецот и умреа“, рече тој, објаснувајќи дека студенти останале на последниот кат.

Во моментот на пожарот во хотелот имало регистрирани 238 гости, вели Јерликаја.

Пожарот бил пријавен во 3:27 часот по локално време, а противпожарната служба започнала со спасувачки операции во 4:15 часот, околу 45 минути подоцна, изјави тој за новинарите.

Официјални лица и сведоци изјавија дека спасувачките напори биле отежнати поради фактот што дел од хотелот со 161 соба се наоѓал на страна на карпа.

Според министерот за туризам Мехмет Нури Ерсој, хотелот поминал инспекции во 2021 и 2024 година, а противпожарната служба не пријавила „негативни ситуации поврзани со гаснење пожари“.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата