Баро: Европа треба да гарантира дека Украина може да ја оддржи линијата на фронтот

4.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Баро: Европа треба да гарантира дека Украина може да ја оддржи линијата на фронтот

Одлуката на САД да ја прекинат воената помош за Украина значи дека Европа сега мора да направи се што може за да гарантира дека Украина ќе биде во состојба да ја одржи линијата на фронтот против Русија, рече францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро.

„Оваа линија на фронтот е првата линија на одбрана за Европа и Франција“, изјави Баро пред пратениците.

Тој додаде дека е време Европа да се оттргне од својата зависност од американското оружје.

„Ние Европејците сега сме исправени пред избор што ни е наметнат: напор и слобода или избор на удобност и целосно потчинување“, рече Баро. /MИА

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата