Азербејџан ги повлекува дипломатите од Иран по нападот врз ексклавата Нахичеван

6.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Азербејџан ги повлекува дипломатите од Иран по нападот врз ексклавата Нахичеван

 Одлуката следува еден ден по соопштението на Баку дека четири ирански беспилотни летала ја преминале границата и притоа повредени се четири лица во ексклавата Нахичеван.

Бајрамов потврди дека Азербејџан започнал со евакуација на вработените од својата амбасада во Техеран и од генералниот конзулат во Табриз.

Претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, вчера го обвини Иран за директен напад со дронови врз територијата на Нахичеван, автономна република во составот на Азербејџан. Тој порача дека азербејџанските вооружени сили се ставени во состојба на висока борбена готовност по овој инцидент.

Според извори блиски до азербејџанската Влада, ракети и дронови лансирани од правец на Иран вчера наутро паднале на територијата на меѓународниот аеродром во Нахичеван, предизвикувајќи пожар. Аеродромот се наоѓа на само десет километри од границата со Иран.

Нахичеван е политички автономна ексклава на Азербејџан која нема излез на море и е географски одвоена од остатокот на земјата. Оваа стратешка територија се граничи со Ерменија, Иран и Турција. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата