Мелони со осуда за Трамп: Неговите коментари за папата Лав XIV се неприфатливи

14.04.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мелони со осуда за Трамп: Неговите коментари за папата Лав XIV се неприфатливи

Мелони рече дека папата е поглавар на Римокатоличката црква и дека затоа е нормално тој да повикува на мир и да осудува секаков вид војна, објави Ројтерс.

Агенцијата соопшти дека италијанската премиерка сега го засилила својот одговор на коментарите на Трамп за папата откако се соочила со критики за тоа што директно не ги осудила коментарите на американскиот претседател.

Папата Лав XIV претходно изјави дека ќе продолжи јавно да зборува против војната, и покрај критиките на Трамп.

Зборувајќи со новинарите во авионот на пат кон Алжир, каде што започнува десетдневна турнеја низ четири африкански земји, папата рече дека не сака да влегува во контроверзност со Трамп, но нагласи дека ќе продолжи да промовира мир и дијалог.

Папата, по потекло од Чикаго, во последните недели ја критикуваше војната меѓу САД и Израел против Иран и ја осуди „лудилото на војната“ во апел за мир за време на викендот.

Трамп, во објава на својот профил на социјалните мрежи „Truth Social“ во неделата навечер, го нарече папата „ужасен“ во однос на надворешната политика и рече дека е „слаб во однос на криминалот“.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата