Шефот на иранската диломатија Абас Арагчи изјави дека ракетните капацитети на Иран се важен потпора во дипломатијата со Западот, наведувајќи дека без оваа моќ, ниту една земја не би била подготвена да преговара со Иран за неговата нуклеарна енергетска програма.
Арагчи зи иранската агенција Тасним изјави дека дипломатијата се темели на моќ и фактори за градење моќ, како што се ракетните способности.
-Повеќе пати сум кажал и цврсто верувам дека да не беа нашите ракетни способности, никој воопшто не би преговарал со нас, рече Арагчи.
Тој додаде дека западните земји преговараат со Иран бидејќи „немале способност воено да ги елиминираат иранските објекти“.
-Нашите вооружени сили ја создадоа оваа способност преку проектили кои имаат застрашувачки ефект, рече Арагчи.
Во врска со одлуката од 2018 година на тогашниот американски претседател, Доналд Трамп, за еднестрано повлекување на САД од договорот и повторното воведување санкции кон Иран, Арагчи рече дека „Иран никогаш не ја напуштил преговарачката маса“.
-Никогаш, дури и по повлекувањето на САД, па дури и неодамна под владата на починатиот ирански претседател Ебрахим Раиси и потоа, не ја напуштивме преговарачката маса. Убедени сме во мирољубивата природа на нашата нуклеарна програма и дека преговорите треба да резултираат со доверба во однос на иранската нуклеарна програма, со укинување на санкциите, рече Арагчи.
Шефот на иранската дипломатија рече дека преговорите мора да бидат чесни, како и да се почитуваат правата на иранскиот народ и неговите црвени линии.