Според Ројтерс, Франција и другите европски влади се обидуваат да ги ограничат активностите на бандитите за шверц на дрога и да спречат смртоносни престрелки меѓу нив.
Минатата година ЕК започна кампања со учество на европските пристанишни власти за борба против шверцот на наркотици во големите градови со пристаништата.
Новиот француски премиер Франсоа Бајру и министерот за внатрешни работи Бруно Риотајо ветија и построги мерки против нарко бандите и криминалот воопшто.
„Со секој изминат ден ја засилуваме војната против трговијата со дрога, благодарение на исклучителната работа на нашите офицери“, напиша Риотајо на социјалната платформа „Икс“ и честиташе на француската полиција за операцијата во Авр.