Меѓу животните кои умреле од вдишување чад по пожарот имало кучиња, мачки и кокошки, соопштија властите. Поконкретно, 579 животни, од кои повеќето биле мали птици, биле во продавница за миленичиња во Плаза Латина во Далас, Тексас, каде вчера избувнал пожар, пренесува Sky News.
Пожарот два часа го гаснеле околу 45 пожарникари, изјави портпаролот на DFR (Dallas Fire and Rescue) Џејсон Еванс. Иако огнот не ги зафатил животните, тие починале од вдишување чад. Според Еванс, угинале стотици птици, како и кокошки, хрчаци, две кучиња и две мачки.
„И покрај нашите напори за пребарување и спасување, сите животни во продавницата за жал умреа од вдишување чад“, рече Еванс.
Heartbreaking update 💔
— Dawn White (@DawnWhiteNews) January 4, 2025
Dallas Animal Services says 579 animals died in the fire at Plaza Latina.
Firefighters were able to save some animals, doing CPR on a tortoise and reviving a dog.@CBSNewsTexas pic.twitter.com/4Xg5A2rT2x
Во пожарот немало повредени, при што сериозно е оштетена конструкцијата на еднокатниот трговски центар и делумно се урнал покривот. Причината за пожарот се уште е под истрага.
На својата Фејсбук страница, Плаза Латина е опишан како место каде што луѓето можат да јадат и да купуваат различни латиноамерикански производи и услуги. Во соопштението на шпански се повикува на молитва за семејствата кои работеле таму и се наведува дека трговскиот центар ќе биде затворен до понатамошно известување.