Анкета: 44 отсто од Чесите сакаат да победи Украина, најмала поддршка во Словачка

5.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Анкета: 44 отсто од Чесите сакаат да победи Украина, најмала поддршка во Словачка

Според анкетата на Централноевропската опсерваторија за дигитални медиуми (CEDMO) во пресрет на третата годишнина од почетокот на војната во Украина (24 февруари), во Словачка помалку од една третина од испитаниците ја поддржуваат победата на Украинците.

Помалку од една петтина од Словаците (17 отсто) ја поддржуваат победата на Русија во конфликтот, во Чешка седум отсто од испитаниците изразиле поддршка за Русија, а во Полска четири отсто, пренесува Радио Прага.

Крајот на војната во форма на привремен мир, без победа на едната страна, го поддржуваат речиси две петтини од луѓето во Чешка, третина во Словачка и петтина од испитаниците во Полска.

Кога станува збор за сценаријата за развој на руско-украинската војна, испитаниците најчесто изразувале загриженост дека конфликтот ќе трае многу години, со 67 отсто од луѓето во Чешка и 71 отсто во Словачка.

Околу 55 отсто од Чесите и три петтини од Словаците стравуваат дека конфликтот ќе ескалира во отворена војна меѓу Русија и НАТО. /MИА

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата