Иако учесниците во тие разговори имаат искуство во дипломатската и безбедносната сфера, тие не се владини претставници и во овој момент не е јасно дали се испратени од влади, велат два анонимни извори.
Тие ги опишаа разговорите како спореден канал, со контакти воспоставени во текот на периодот на транзиција на власта по победата на американскиот претседател Доналд Трамп на изборите на 5 ноември.
Најмалку неколку советници на Трамп знаат за овие разговори, изјави еден од изворите, директно инволвиран во тоа прашање.
Други детали за овие средби не се познати, вклучително и тоа дали биле присутни и Украинци, кога точно почнале средбите и кои биле темите.
Тие досега необјавени состаноци се показател за заткулисните напори на САД и Русија да ги проучат начините за ставање крај на војната во Украина и покрај речиси замрзнувањето на официјалните контакти во времето на претходникот на Трамп, поранешниот претседател Џо Бајден.
Oд швајцарското Министерство за надворешни работи за агенцијата изјавија дека биле информирани за разговорите.
„Овие активности помагаат во поддршката на дипломатските напори поврзани со конфликтот“, соопшти Министерството.
Два извори рекоа дека најмалку една средба се одржала минатата недела во Женева за време на Минхенската безбедносна конференција./МИА