Амбасадата на САД во Ерусалим не е во можност да ги евакуира Американците од Израел

17.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Амбасадата на САД во Ерусалим не е во можност да ги евакуира Американците од Израел

Амбасадата соопшти дека денеска ќе биде затворена и им наложи на сите вработени во американската влада и нивните семејства да останат во засолништа во близина на нивните домови до понатамошно известување.

Во меѓувреме, Иран ги продолжи своите ракетни напади врз Израел.

Израелските одбранбени сили соопштија дека Техеран испалил помалку од десет балистички ракети преку ноќ, објави „Тајмс оф Израел“, додавајќи дека ова е значително помалку отколку во претходните ноќи.

Се известува дека цели во централен и северен Израел биле погодени кратко по полноќ, како и помеѓу 3:30 и 4:30 часот по локално време.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата