„Австралискиот народ гласаше за единство, а не за поделба. Ќе бидеме дисциплинирана влада во нашиот втор мандат, исто како што бевме и во првиот“, им рече Албанезе на поддржувачите за време на посетата на гласачите во Сиднеј по победата.
Според резултатите, со преброени 72 отсто од гласачките ливчиња, Лабуристичката партија ќе добие најмалку 85 места во 150-члениот Долен дом на Парламентот, што е доволно за апсолутно мнозинство, објави Еј-Би-Си Њуз.
Опозициската коалиција има најлоши изборни резултати досега, обезбедувајќи само 37 места и уште 18 кои се уште не се сигурни. Десет места во Претставничкиот дом ги освоија независните кандидати.
Резултатите во трката за Сенатот обично доаѓаат подоцна, но се очекува Лабуристичката партија и таму да постигне успех, забележува ДПА.
Повеќе од 18 милиони Австралијци гласаа вчера за 150 места во Долниот дом и за 40 од 76 места во Горниот дом на Парламентот. Гласањето во Австралија е задолжително.