Ал-Шара: Не смее да се пролее крв во борбата за обединување на Сирија

17.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ал-Шара: Не смее да се пролее крв во борбата за обединување на Сирија

Неговите забелешки доаѓаат откако стотици луѓе демонстрираа вчера во покраината Свеида во јужна Сирија, каде што мнозинството го сочинуваат етничката група Друзи, барајќи право на самоопределување.

„Тајмс оф Израел“ објави дека на протестот некои демонстранти го виореја и израелското знаме, барајќи право на самоопределување за тој регион.

-Пред на се уште е борбата за обединување на Сирија и во неа не смее да има крвопролевање и примена на воена сила. Сирија е уморна од војната, рече Шара за време на дијалог со достоинственици од северозападната покраина Идлиб и други високи функционери.

Тој рече дека не ја гледа Сирија како земја загрозена од поделба, велејќи дека и покрај фактот дека некои луѓе сакаат поделба, „тоа не е можно“.

-Некои партии сакаат да добијат моќ преку регионална сила, Израел или други. Тоа е исто така исклучително тешко и не може да се спроведе, рече Ал Шара.

Насилството во Свеида започна на 13 јули со судири меѓу друзите и сунитските бедуини, но набрзо ескалираше со вклучување на владините сили и Израел.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата