Аксиос: САД ќе ѝ продадат на Саудиска Арабија основен модел Ф-35 поради загриженоста на Израел

26.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Аксиос: САД ќе ѝ продадат на Саудиска Арабија основен модел Ф-35 поради загриженоста на Израел

Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД ќе и продадат на Саудиска Арабија најсовршените авиони ловци од петтата генерација. Најавата на Трамп предизвика загриженост кај Израел, единствената држава на Блиски Исток која поседува Ф-35.

Според американскиот портал, Рубио ветил дека дополнително ќе разговара со Израел за да го убеди договорот за оружје со Саудиска Арабија нема да ја поткопа квалитативната воена супериорност на Израелските одбранбени сили (ИДФ) на Блискиот Исток, нешто што е вградено во американскиот закон.

Саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман на 18 ноември имаше средба со Трамп во Белата куќа, при што беа потпишани голем број договори во областа на економијата и одбраната.

Трамп по средбата изјави дека САД ѝ доделиле на Саудиска Арабија статус на главен сојузник на Вашингтон надвор од НАТО.

Во случај на испорака на Ф-35 на Саудиска Арабија, Израел најави дека ќе побара дополнителни безбедносни гаранции од Вашингтон. Особено, борбените авиони испорачани на Кралството не треба да бидат стационирани во саудиските воздухопловни бази во западниот дел од земјата, кои се најблиску до израелска територија. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата