- Ќе соопштиме за евентуални контакти, рече Песков како одговор на прашањето во врска со информациите во унгарските медиуми дека Орбан в петок ќе пристигне во Москва на средба со Путин.
Оваа изјава доаѓа откако унгарските медиуми објавија за претстојна средба меѓу двајцата лидери, која не е официјално потврдена, но не е ниту демантирана од унгарската Влада. Доколку се реализира, ова ќе биде четврта средба на Орбан со Путин од почетокот на војната во Украина.

