Нападот се случил за време на час во училиште во Шпанија.
Според првите информации, ученикот извадил нож од ранецот и тргнал во крвавиот напад.
Тој наводно веднаш потоа бил уапсен.
Засега не се познати мотивите за нападот. Шпанските медиуми јавуваат дека повредените се пренесени во болница. Не се знае степенот на нивните повреди. По нападот училиштето било евакуирано.