Започнува судењето на П Диди: Се соочува со доживотна затворска казна

4.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Започнува судењето на П Диди: Се соочува со доживотна затворска казна

Според обвинителите, повеќе од две децении, основачот на музичката издавачка куќа „Bad Boy Records“, некогаш мегапопуларниот рапер Пи Диди  ја користел моќта и престижот стекнати со градење на хип-хоп империја за „уништување на млади животи“, пренесе АП.

Обвинувањата вклучуваат оргии поттикнати од дрога каде жените биле принудувани да имаат секс со машки проститутки додека Диди го снимал сето тоа.

Повеќе сведоци тврдат дека Комбс ги заплашувал луѓето да ги замолчат, користејќи насилство.

Тој призна една точка за насилство, јавен напад на неговата поранешна девојка, пејачката Кеси, а неговите адвокати тврдат дека останатите обвиненија се лажни.

Иако десетици луѓе го тужеа Комбс за злоупотреба, ова судење ќе се фокусира на тврдењата на четири жени. Една од нив е Кеси, која поднела тужба во 2023 година, тврдејќи дека Комбс ја злоставувал за време на нивната 10-годишна врска, вклучувајќи физичко малтретирање и силување.

Комбс беше обвинет минатиот септември и оттогаш е во федерален затвор во Бруклин.

Изборот на поротата е закажан за понеделник во федералниот суд во Менхетен, а сведочењето би можело да започне следната недела.

Доколку биде осуден по сите точки, Комбс се соочува со неколку години затвор.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата