За околу два часа распродадени картите за концертот на Металика во Атина

31.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
За околу два часа распродадени картите за концертот на Металика во Атина

Металика, по пауза од 16 години повторно ќе одржат концерт во Грција во рамките на нивната светска турнеа М72.

Концертот е закажан за 9 мај 2026 година на Олимпискиот стадион во Атина, а организаторите соопштија дека концертот е „солд аут“.

Во вторникот и четвртокот имаше претпродажба на билети за регистрираните во фан-клубот на Металика, додека пак вчера продажбата беше отворена за сите, но не траеше повеќе од два часа.

Цените на билетите беа 86,25 евра, 97,75 евра, 109,25 евра, 120,75 евра, 143,75 евра и 178, 25 евра во зависност од местото на трибините, додека пак за т.н. Snake pit, односно местото што е најблиску до сцената, влезницата беше 550 евра.

Американската хеви-метал група во Атина одржаа концерти во 1993 година, во 1999 година, во 2007 година, а последниот беше на крајот на јуни 2010 година. /МИА

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата