Девин Харјес починал во болница во Њујорк, а „Холивуд Репортер“ пренесува дека долго време боледувал од рак.
Харјес ја започнал својата кариера во театарот, по што се преселил во Њујорк, каде му се отвориле многу можности.
Најпознат беше по улогата на Џек Демпси во споменатата HBO серија. Исто така глумеше и во сериите „Готам“, „Портокалово е новото црно“, „Дејрдевил“, „Елементарно“, „Сини крвници“, „ФБИ“ и „Манифест“.
„Тој беше уметник со голема посветеност кој никогаш не даваше помалку од сто проценти во ниту една улога што ја прифаќаше,“ изјави неговиот претставник, Дејвид Вилијамс, за „Fox News Digital“.
„Како личност беше дарежлив, добар, разбирачки и посветен на своето семејство и пријатели, одличен јавач и имаше магичен однос со сите животни. Се чувствуваше како дома во дивината на Карпестите Планини, на рамнините во западен Тексас или во срцето на Хелс Кичен. Ќе ни недостасува.“
Харјес последно ја толкуваше улогата на Пит Бејлор во телевизиската серија „Манифест“. Зад себе ги остави своите родители, сестра и поранешна сопруга.
Извор: Б92