„Топ Ган 3“ официјално во подготовка: Том Круз се враќа како Маверик

17.04.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
„Топ Ган 3“ официјално во подготовка: Том Круз се враќа како Маверик

Нов филм од хит серијалот Топ Ган. 

Холивудската ѕвезда Том Круз е подготвен за нов филмски хит, од овој мегапопуларен серијал. 

„Топ Ган 3“ официјално е во тек, а Том Круз ќе ја повтори главната улога, потврди „Парамаунт пикчерс“ за време на презентацијата на настанот „СинемаКон“ во Лас Вегас.

Заедно со  легендарниот Круз, се враќа и продуцентот Џери Брукхајмер, кој беше клучна фигура во претходните епизоди од франшизата.

Третиот дел доаѓа по огромниот успех на филмот „Top Gun: Maverick“, кој заработи дури 1,5 милијарди долари низ целиот свет и стана еден од најголемите кино хитови во постпандемискиот период.

Во филмот од 2022 година, Круз се врати во улогата на пилотот Пит Маверик Мичел 36 години по оригиналниот „Top Gun“. Заплетот го следи неговото враќање во елитно училиште за пилоти каде што обучува нова генерација пилоти за опасна мисија.

Филмот беше и последното појавување на актерот Вал Килмер како Ајсмен, пред неговата смрт во 2025 година. Детали за заплетот за „Топ Ган 3“ сè уште не се откриени, но со оглед на успехот на претходното продолжение, очекувањата на публиката и индустријата се исклучително високи.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата