Тензиите меѓу Канје Вест и Бјанка на највисоко ниво- таа му даде ултиматум (ВИДЕО)

25.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Тензиите меѓу Канје Вест и Бјанка на највисоко ниво- таа му даде ултиматум (ВИДЕО)

Како што изјавил извор за „Мирор“, тензиите меѓу двојката достигнале врв. „Таа сака повеќе слобода. Ако тој не го прифати тоа, Бјанка ќе го остави“, коментирал изворот. Тензиите наводно биле предизвикани од тоа што Канје ѝ забранил на Бјанка да соработува со луксузни модни брендови.

„На неа ѝ недостига да си ја работи својата работа. Не сака да се чувствува ограничена. Таа е многу креативна личност и сака да се истакне како моќна, независна жена“, додаде изворот.

Гласините за развод почнаа по доделувањето на Греми наградите

Да ве потсетиме дека уште од скандалот на доделувањето на Греми наградите, кружат гласини за можен развод помеѓу Канје и Бјанка. На доделувањето на наградата, Бјанка се појави во проѕирен фустан кој откриваше сè, а набрзо се појавија гласини дека двојката се скарала пред доделувањето и дека Бјанка подготвува документи за развод. Портпаролот на двојката во тоа време ги негираше гласините.

После тоа, се појавија обвинувања дека Бјанка се обидувала да го спаси нивниот брак со план што вклучува дете. „Бјанка го охрабрува Канје да има дете бидејќи верува дека тоа ќе го спаси бракот и ќе ја излечи нивната врска. Таа знае колку грижлив татко е Канје и верува дека тој се однесува сосема поинаку кога е околу деца - тој е повнимателен и помалку импулсивен“, открил извор за Дејли Меил.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата