Фото: Први фотки од свадбата на српската пејачка Теа Таировиќ

25.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Фото: Први фотки од свадбата на српската пејачка Теа Таировиќ

 Сексапилната  Теа Таировиќ вчера се омажи за Иван Вардај, а интимната венчавка се одржа на Рибарски остров во нејзиниот роден град Нови Сад.

 За ден на венчавката Теа изненадувачки го избрала четвртокот.

Но, нејзината мајка Божица Малевиќ изјави дека Теа со свадбата во четврток  решила да следи традиционален обичај од Војводина.

Освен тоа, Теа избра да се омажи во четврток, бидејќи сите викенди и се резервирани со месеци однапред со закажани настапи.

Инаку, гламурозната венчавка се одржа во родниот Нови Сад на пејачката, а на прославата присуствуваа околу 120 гости.

Венчаницата на Теа е бела, украсена со кристали, тоа е рачно изработен фустан од креаторот Бојан Петровиќ.

Тоа беше негов подарок за Теа.

Бидејќи младенците сакале венчавката да биде интимна, на прославата се појавиле колешките на Теа, Барбара Бобак и Сања Вучиќ, а на социјалните мрежи било забрането објавување видеа и слики.

По церемонијата Теа пред гостите се појавила во црвен фустан.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата