Џенифер Лопез е непрепознатлива- го смени изгледот поради новата филмска улога (ВИДЕО)

8.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Џенифер Лопез е непрепознатлива- го смени изгледот поради новата филмска улога (ВИДЕО)

Пејачката и актерка објави трејлер за мјузиклот, а во некои сцени изгледа речиси непрепознатливо. Во овој филм за потребите на улогата, делумно ја замени кафеавата коса со руса.

„Изгледа неверојатно со руса перика“, „Џ.Ло ги напаѓа Оскарите“, „Конечно ќе добие номинација за Оскар“, „Ова изгледа неверојатно“, „Едвај чекам да го видам филмот, Џеј Ло изгледа и звучи неверојатно“, се некои од коментарите под трејлерот.

За што се работи во филмот?

„Бакнеж на жената-пајак“ е американски музичка драма од 2025 година, режиран од Бил Кондон. Филмот премиерно се прикажа на Филмскиот фестивал Санденс на 26 јануари 2025 година, каде што доби претежно позитивни критики. Во кината пристигнува во октомври.

Дејствието се одвива во аргентински затвор во 80-тите години за време на воената диктатура. Луис Молина (Тонатиу Елизарараз), геј фризер, отслужува осумгодишна казна за непристојно однесување. За да избега од ужасите на затворот, Молина замислува како снима филмови со филмската актерка Ингрид Луна (Џенифер Лопез), која е исто така и Спајдер-Жена, и како го убива својот плен со бакнеж. Животот на Молина се превртува наопаку кога марксистот Валентин Ареги Паз (Диего Луна) е донесен во неговата ќелија, и двајцата формираат неверојатна врска.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата