Еден и пол тон црвен синтетички материјал, на кој многу ѕвезди од светската кинематографија оставиле траги, ќе „го живее својот втор живот“ во Марсеј во рацете на стилисти, за потребите на театарски трупи или модни ревии, објавува денес „Фигаро“.
- Се продава како едноставен фин црвен филц, а не како тепих од Канскиот филмски фестивал - објасни Жан Ре, координаторка на Здружението за управување со отпад во креативниот свет, кое Канскиот филмски фестивал го плаќа за „ревалоризација“ на своите теписи.
Како што изјави таа, оваа ткаенина не се продава како маркетиншки акцент на фестивалскиот тепих, туку се препродава по истата цена по која е купен, со цел повторно да се користат елементи кои не се наменети за рециклирање, бидејќи Канскиот филмски фестивал ја зема предвид заштитата на животната средина.
- Така, црвениот тепих од Кан ќе се препродава по цена од едно евро за килограм - рече таа.
Од тепихот во Кан може да се направат класични женски чанти, но и торби за шишиња вино, футроли за очила, како и разни уникатни предмети, објаснува Елса Рамуни-Јордикијан, клиентка на Здружението.