Шон Пен на фронтот во Дњепар за да ги поддржи украинските борци (ВИДЕО)

22.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Шон Пен на фронтот во Дњепар за да ги поддржи украинските борци (ВИДЕО)

Американскиот актер Шон Пен ги посети војниците на третиот полк на специјалните сили за специјални операции, кој е стациониран во градот Кропивницки на Дњепар, објавено е денеска на Фејсбук страницата на третиот одвоен полк на специјалните сили „Свјатослав Храбриот“.

Како што е соопштено, ова е четврта посета на актерот од почетокот на конфликтот во Украина, со која сака да ги поддржи вооружените сили на Украина и украинскиот народ.

„И покрај сè што прават политичарите, јас верувам во секој од вас и ви благодарам што бевте најдобар пример за тоа што сите сакаме да бидеме. Вие не ја браните само својата земја - вие навистина го браните целиот свет. И знам дека ќе победите“, им рече Пен на војниците.

Шон Пен е американски актер и филмски режисер. Добитник на Оскар во 2004 и 2009 година. Како што објави Укринформ, документарниот филм за војната во Украина „Суперсили“ во режија на Шон Пен и Арон Кауфман се емитува бесплатно во САД на YouTube каналот Paramount+.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата