Канје Вест, познат по тоа што никогаш не престана да ги поместува границите не само во музиката, туку и во начинот на кој комуницира со јавноста, сега ја даде можеби најтрогателната и најконтроверзната изјава во неговата кариера, овој пат за инцест.
Со текот на годините, Канје беше во центарот на медиумскиот спектар, од политички изјави, јавни испади, семејни драми, до изливи на лични трауми. Неговата последна исповед на социјалната мрежа Х - за трауматично искуство од детството - предизвика различни реакции, бидејќи многу фанови останаа запрепастени и збунети од неговите зборови.
Во една крајно лична и емотивна објава, Канје Вест откри искуство од неговото детство кое, според него, длабоко ја обликувало неговата психа и го инспирирало за песната „Relatives“.
Иако ова искуство беше несомнено трауматично, раперот го изрази длабокиот внатрешен немир што го чувствувал низ годините.
Тешката исповед која го шокираше светот
Тој изјавил дека како деца тој и неговиот братучед од љубопитност пронашле списанија за возрасни во плакарот на нивната мајка, што, според него, го поттикнало нивниот прв контакт со сексуалноста. Тој особено го истакна чувството на вина што го придружуваше низ годините, верувајќи дека тој имал улога во обликувањето на подоцнежното однесување на неговиот братучед - кој, како што истакна Канје, на крајот беше осуден на доживотен затвор за убиство на бремена жена.
Неговата објава беше јасна и потресна: „Моето име е Је и имав односи со мојот братучед до својата четиринаесетта година“, предизвикувајќи шок и неверување кај фановите и јавноста.
Канје Вест, кој претходно зборуваше за својот живот преку уметноста, сега се отвора на начин што е без преседан во неговата кариера.
Се бори со демоните
Раперот дополнително ги елаборираше чувствата на вина, збунетост и недоразбирање што ги носел во текот на животот, наведувајќи дека овие рани од минатото често биле злоупотребувани од индустријата во која се наоѓа.
Kanye West comes out as a member of the LGBT community, reveals he had incest sex with his male cousin, breaks down online. pic.twitter.com/P9yiwqbjjl
— EM (@EXECUTIVEXMEDIA) April 21, 2025
Ова не е прв и единствен пат Канје Вест да биде отворен и ранлив за својата публика. Во последните месеци тој изрази каење за одредени изјави кои ги дал за неговиот поранешен пријател Џеј Зи и неговото семејство. Иако сите овие изјави имаат потенцијал да шокираат, тие нѐ потсетуваат колку Канје отсекогаш бил бескомпромисен во текот на неговата кариера и во постојана потрага по вистината - што и да е тоа.