Мексиканско-американската актерка Салма Хајек и на 58-годишна возраст и понатаму важи за една од најубавите жени на светот, а со новите фотографии од одмор уште еднаш покажа дека не се плаши од стареење - гордо позираше без шминка и со видливи седи влакна во темната коса.
Таа сподели серија фотографии од патувањето
Таа на својот Инстаграм профил сподели серија опуштени фотографии од своето патување, меѓу кои и се појавува целосно без шминка и со природен изглед. На некои од нив јасно се гледа како гордо ги покажува седите прамени во косата, која инаку е природно темно кафеава, пренесе Хола.
На фотографиите може да се види и во костим за капење, кој ја истакнува нејзината фигура - која со децении ја прави препознатлива во Холивуд. Иако нема проблем со годините, Хајек неодамна откри дека сепак посегнала по процедура за естетско подмладување.
„Возбудена што сум во педесеттите години“
Тоа е ултразвучен третман кој го стимулира затегнувањето на кожата и производството на колаген. "Сакав мојот сопруг да ми каже "Леле" кога ќе ме погледне. Сакам да се чувствувам добро со мојот изглед, но не мора да сакам да изгледам како да имам 20-ти", рекла таа.
Таа додаде дека сега всушност е повозбудена за нејзините 50-ти: „Тоа е поинаков вид на убавина“, рече таа.