Синот на Марфи, Ерик, и ќерката на Мартин, Јасмин, се венчаа во тајност пред две недели. Еди ја потврди среќната вест.
„Сите правеа големи планови за свадбата, а потоа решија дека сакаат да направат нешто само за нив двајца“, рече Еди за време на гостувањето во „Шоуто на Џенифер Хадсон“. Еди се пошегува дека Мартин не мора „сега да ја плати свадбата“.
Ерик и Јасмин се венчаа без пријатели и семејство, само со присутен свештеник. Еди вели дека семејната прослава сè уште не е исклучена. „Веројатно ќе имаме поголема прослава подоцна“, рече тој.
Тие се верија во ноември 2024 година.
Двојката се вери во ноември 2024 година. Ерик, 35, клекна на едно колено пред 29-годишната Јасмин, во соба украсена со свеќи, бели рози и огромно црвено срце.
„Свршени сме! Бог навистина нè благослови со љубов која се чувствува како судбина. Не можеме да бидеме повозбудени за ова следно поглавје. Ви благодариме на сите што го направија овој момент толку посебен“, напиша Јасмин во описот на снимката.
Нивните татковци не ги запознале
Иако нивните татковци се пријатели и колеги, Ерик и Јасмин не се запознале преку нив. Во интервју за„ InTouch Weekly“, Лоренс откри дека всушност нејзиниот чичко ја запознал со Марфи, а не нејзиниот татко. Тие јавно ја објавија својата врска во јули 2021 година.
„Снимаа два филма заедно, тие се пријатели, не знам, лудо е. Но, се запознавме преку мојот чичко и станавме навистина добри пријатели. Се поврзавме во многу работи. Очигледно имаме слично потекло, па се разбиравме на одредено ниво, а со текот на времето станав уште поблиски“, рече таа.