Раперката ГлоРила, чие вистинско име е Глорија Халелуја Вудс, е обвинета за поседување дрога откако полицијата пронајде марихуана во нејзиниот дом во Џорџија. Полицијата истражуваше провала во нејзиниот дом, а ГлоРила сега се жали дека ја уапсиле неа наместо провалникот.
Пејачката на хитови како „Yeah Glo“, „TGIF“ и „Whatchu Kno About Me“ беше обвинета за поседување марихуана и контролирани супстанции откако доброволно се предаде на полицијата, соопшти канцеларијата на шерифот на округот Форсајт.
ГлоРила беше уапсена откако полицијата одговори на повик за провала во нејзиниот дом околу 1:30 часот наутро во недела. Инцидентот се случил неколку часа откако таа настапила на полувремето од WNBA All-Star натпреварот во Индијанаполис. Полицијата потврди дека три лица, кои сè уште се во бегство, провалиле во нејзиниот дом.
Разбојниците биле среде кражба кога „вооружен човек“ почнал да пука кон нив, принудувајќи ги крадците да избегаат. За време на истрагата, полицајците откриле „силен мирис“ и пронашле „значајна количина марихуана“ на видно место во спалната соба.
Раперката била приведена и ослободена со кауција од 22.260 долари. Таа се огласила на социјалните мрежи по инцидентот.
- Провалиле во мојата куќа во саботата додека бев во Индијанаполис, каде што настапував на натпреварот на WNBA All-Star, и наместо да се фокусираат на пронаоѓање на осомничените, се фокусирале на малку канабис. Накратко, тие провалија во мојата куќа, а јас бев единствената уапсена“, напиша таа на X.
CRAZY‼️ My House got Home Invaded Saturday
— GloRilla 🦍 (@GloTheofficial) July 24, 2025
While I was in Indianapolis performing for the WNBA all star game & instead of Focusing on finding the Suspects , they focus on some cannabis
1. So no I wasn’t busted
2. My house got robbed
3. I wasn’t home
Long story short my…
Според „Њујорк пост“, семејството на познатата раперка било во куќата кога крадците провалиле во неа. Тие наводно избегале со „накит со висока вредност“, рекоа адвокатите. Правниот тим, исто така, рече дека апсењето на нивниот клиент е „вознемирувачка демонстрација за тоа како приоритетите на спроведувањето на законот се искривени“.
- Кога нејзиното семејство постапи правилно и ја повика полицијата, наместо да истражува насилна провала и кражба во домот на г-ѓа Вудс, тие побараа налог за претрес. Не беа издадени налози за апсење за насилните крадци. Г-ѓа Вудс е жртвата, а не осомничена, рекоа адвокатите.
Полицијата, која не успеа да ги пронајде крадците по „обемна истрага“, се согласи дека раперката е жртва, но нагласи дека сè уште имаат должност да го спроведуваат законот. „Сопственичката на куќата е жртва на сериозно кривично дело и ние сме посветени на тоа осомничените да се изведат пред лицето на правдата. Во исто време, мора да продолжиме да го поддржуваме и спроведуваме законот во сите аспекти на овој случај“, рекоа тие.
Истрагата за провалата е во тек.