Том Круз со децении е една од најголемите ѕвезди на Холивуд, икона на акциони филмови позната по изведувањето на опасни сцени без каскадер. Славниот актер е познат на секаде ни светот, но малку кој го знае неговото вистинско презиме.
Милиони фанови дури сега откриваат дека името по кое светот го познава мегапопуларниот актер не е всушност неговото вистинско име и презиме.
Големиот холивудски заводник е роден како Томас Круз Мапотер IV во 1962 година. Неговите родители биле електроинженерот Томас Круз Мапотер III и учителката Мери Ли Фајфер.
Тој пораснал со три сестри во строга католичка средина.
На 18-годишна возраст, тој решил да остави сè зад себе и да се пресели во Њујорк за да започне актерска кариера, а дел од таа голема промена било откажувањето од презимето Мапотер.
Иако пократкото име звучи посоодветно и подобро за Холивуд, главната причина за промената е многу полична и тажна.
Том го променил презимето бидејќи сакал да се дистанцира од својот татко, кого го опиша во интервју за списанието „Parade“ во 2006 година како насилник и „извор на хаос“.
„Тој беше тип на човек кој ќе те удри ако нешто тргне наопаку. Тоа беше голема лекција во мојот живот - ќе те успиваше, ќе те натераше да се чувствуваш безбедно, а потоа - бум!“, рече актерот. „За мене, беше како: „Нешто не е во ред со овој човек. Не му верувај. Биди внимателен.“
Неговата мајка се развела од неговиот татко кога Том имал 12 години. Актерот потоа со децении немал никаков контакт со својот татко, кога потоа го видел пред умирање на неговата смртна постела. „Кога го видов во болка, си помислив: „Воа, каков осамен живот“. Беше тажно“, се присети Круз.