Познато е колку заработил Рајан Гослинг од улогата на Кен во филмот „Барби“

27.09.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Познато е колку заработил Рајан Гослинг од улогата на Кен во филмот „Барби“

Досега има заработено околу 1,43 милијарди долари и стана најуспешен филм за оваа година, но и најуспешен филмски проект на Warner Bros.

Главните улоги ги добија Маргот Роби (Барби) и Рајан Гослинг (Кен). Роби глуми стереотипна кукла, додека Гослинг го отелотвори нејзиниот шармантен и глупав дечко. Критичарите не само што го пофалија филмот, туку го издвоија 42-годишниот актер како негов најдобар дел.

Улогата на Гослинг како Кен беше толку добро прифатена и пофалена што многумина предвидуваат дека тој ќе биде номиниран за најдобра споредна машка улога на Оскарите следната година. Се верува дека најголеми претенденти за златната статуетка се тој и Роберт Дауни Џуниор, кој го играше Луис Штраус во Опенхајмер.

Според Variety, Рајан добил 12,5 милиони долари за улогата на Кен во филмот за Барби. Но, тоа не е конечната заработка бидејќи нема познати податоци дали Канаѓанецот договорил дополнителни бонуси од продажбата на билети.

За споредба, Маргот доби и 12,5 милиони долари за нејзината улога како Барби. Сепак, преку договорени бонуси успеала да заработи околу 50 милиони долари. Барби, заедно со Опенхајмер на Кристофер Нолан, успеа да ги врати луѓето во кината, како што беше пред пандемијата.

Дека овие два филма се големи летни блокбастери говори и фактот што успеаја да го потопат седмиот дел од „Невозможна мисија“ на бокс офисот. Тој филм заработи „само“ 566 милиони долари и се смета за неуспешен бидејќи чинел 300 милиони долари.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата